Служба за корисници
Разговарајте со нас
Тел. +389 (71)233832
info@svetlo.mk
Политика за достава на производи
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од Модулар Форм дооел на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката.
- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, испораката се спроведува само на територија на Република Северна Македонија.
- Куририте ја доставуваат пратката до одредена адреса на купувачот во период од 09:00 до 16:00 часот, секој работен ден освен на државни празници и неработни денови. Во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве најде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирање на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при третиот обид курирот не успее да Ве добие тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
Рок на испоракаРок на испорака е од 2-3 работни дена, за производи кои се на залиха
Рок на испорака во договор со Купувачот, e за производи кои се достапни по нарачка
Трошоци за достава
Цената за достава на производи со вредност над 9.000,00 денари е бесплатна. Се однесува само на артикли без попустЦената за достава на производи со вредност под 9,000,00 денари е 250,00 денари
Во случај на враќање на производи по желба на корисникот, доставата паѓа на товар на истиот
Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.
Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
-Испорака на производи кои не се нарачани- Испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспорт
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент. Модулар Форм дооел не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Враќање/Рекламација на производиВо случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на телефон +389 71 233832 или писмено преку e-mail: info@svetlo.mk. Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 14 дена од денот на уплата, заедно со приложената сметка. Модулар Форм дооел има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивно објавување на веб страницата. Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб страница.
